петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бил Гејтс: во богатите држави пандемијата ќе заврши во 2021 , во другите во 2022

Бил Гејтс: во богатите држави пандемијата ќе заврши во 2021 , во другите во 2022

Никој не се осмелува да каже кога точно ќе заврши пандемијата на коронавирус, а тоа е најбараната информација во светот во моментот.

Но, Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“ и технолошки магнат, го даде своето предвидување по ова прашање. Тој рече дека луѓето ќе го видат крајот на пандемијата во различни периоди, во зависност од тоа дали живеат во земји во развој или во побогати земји како САД.

„Нацртот за иновации за подобрување на дијагностиката, новите терапии и вакцината, е всушност многу импресивен“, рече Гејтс за списанието Wired во интервјуто објавено во петокот.

„И заради тоа, мислам дека пандемијата во голема мерка, особено во богатите земји, би можела да заврши уште кон крајот на 2021 година. Во целиот свет, тој рок ќе биде продолжен до крајот на 2022 година“, истакна Гејтс.

Гејтс, кој ги финансира медицинските истражувања и изумот на вакцината против коронавирус преку својот фонд, не е претерано оптимист. Тој е свесен дека дури и ако се оствари неговото предвидување, пандемијата ќе се поврати во многу земји во светот.

Во своето интервју, Гејтс остро го критикува американскиот систем за тестирање на коронавирус и изрази фрустрација за тоа како претседателот Доналд Трамп и неговата администрација ја третираат целата ситуација. Ова не е прв пат кога Гејтс ја критикува работата на администрацијата на Трамп за време на пандемија.

Технолошкиот магнат верува во пронаоѓањето на вакцини, но посочува дека некои вакцини ќе им помогнат само на богатите и во развиените земји ширум светот.

„Оваа болест, според првичните податоци за тестирање на вакцини врз животни и податоците за тестирање од првата фаза, се чини дека е многу излечива со вакцина“, истакнува Гејтс.

Што се однесува до лекувањето на оние кои се веќе заразени, Гејтс зборувал за антивирусни лекови како што се ремседивир и кортикостероидот дексаметазон.

„Другите антивирусни лекови ќе дојдат за два до три месеци“, рече Гејтс, а потоа продолжи.

” Веќе имаме некои фактори за подобрување во болниците, поради употребата на ремседивир и дексаметазон. Другите лекови ќе им бидат додадени на гореспоменатите”, заклучи тој.