петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бразил станува „лабораторија за тестирање“: И Германија ќе ја тестира својата вакцина во оваа земја

Бразил станува „лабораторија за тестирање“: И Германија ќе ја тестира својата вакцина во оваа земја

Германската компанија „CureVac“ планира својата вакцина против коронавирусот да ја тестира во Бразил.

Инфектолог и членка на истражувачкиот тим на компанијата, Сју Ан Клеменс изјавила дека компанијата од септември или октомври ќе започне со студијата во Бразил.

Раководителот на истражувачката студија Петер Кремснер од Институтот за тропска медицина вели дека досегашните првични тестови во Германија поминале добро. Тестирањето било извршено на 180 лица.

Инаку, Бразил стана „лабораторија за тестирање“ за целиот свет, бидејќи и други компании кои работат на развивање вакцина против Ковид-19 своите тестирања ги започнале во оваа земја.

Покрај САД, Бразил во моментов е најголемото жариште на пандемијата со коронавирусот во светот.