понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Чешка трети ден по ред има над сто заразени со коронавирус

Чешка трети ден по ред има над сто заразени со коронавирус

Властите во Чешката Република веќе трети ден по ред имаат регистрирано повеќе од 100 нови заразени со коронавирус, а вкупниот број изнесува 12.919, соопшти денеска Министерството за здравство во Прага.

Бројот на активни случаи во земјата во моментот е 4.439. Од почетокот на пандемијата излекувани се 8.128 пациенти, а починале 352.

Коронавирусот е најраспространет во северо-источниот дел на Чешка, а најмалку во јужните региони. (МИА)