Авиони на меѓународната антиџихадистичка коалиција предводена од САД, рано изутринава нападнаа неколку позиции на сириската армија во источниот дел на Сирија, јавија сириските државни медиуми.
Според сириски воен претставник, цел на воздушните напади биле армиски позиции меѓу градовите Албу Камал и Хмејмех.
Истиот извор информира дека при нападите нема човечки жртви, туку била предизвикана само „материјална штета“.
Претставници на Централната команда на Вооружените сили на САД и на Пентагон, од своја страна, изјавија дека немат информации за такви напади.
Албу Камал и Хмејмех се наоѓаат во сириската источна провинција Дејр аз-Зур, каде владините сили, поддржани од Русија, и бунтовничките групи, поддржани од меѓународната коалиција, водат одвоени борби со остатоците на џихадистичката група Исламска држава.
МИА