Американскиот претседател Џо Бајден го назначи директорот на Институтот за надворешни работи Даниел Смит за вршител на должноста државен секретар, изјави портпаролот на Белата куќа.
Смит ќе биде на должност додека Сенатот не го одобри кандидатот на Бајден за шеф на американската дипломатија Ентони Блинкен.
Новиот претседател на САД назначи привремени шефови на 23 федерални агенции, вклучувајќи ги и министерствата за одбрана и за финансии.