петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Данска ги заостри рестриктивните мерки поради новата варијанта на коронавирусот

Данска ги заостри рестриктивните мерки поради новата варијанта на коронавирусот

Данска воведе дополнителни рестриктивни мерки, насочени кон сузбивање на забрзаното ширење на новата варијанта на коронавирусот, за која се верува дека е многу позаразна, изјави премиерката Мате Фредериксен.

Новите забрани вклучуваат намалување на бројот на луѓе на јавни собири од 10 на пет, а се воведува и задолжително физичко растојание од два метра на јавни места, вклучително и продавници.

Во изминатите неколку дена, некои пратеници повикаа на поостри рестрикции заради стравот од мутираната варијанта на коронавирусот, која првпат беше забележана во Велика Британија.

– Мутацијата веќе се прошири и не може да се запре, но можеме да ја одложиме и да ја добиеме на време за да се вакцинираат што повеќе луѓе, нагласи Фредериксен.

Здравствените експерти изразија очекување дека новата варијанта ќе биде доминантна во Данска најдоцна до средината на февруари.