сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Данска го сруши рекордот по број на новозарaзени дневно: Никогаш не забележале вакви бројки

Данска го сруши рекордот по број на новозарaзени дневно: Никогаш не забележале вакви бројки

Данска го собори рекордот по бројот на нови случаи. Во изминатите 24 часа се регистрирани 16.164 нови случаи, а седум лица ја загубија битката со коронавирусот.

Да потсетиме, ден претходно и оваа земја ги забележа најлошите бројки од почетокот на пандемијата, со 14.844 заболени во еден ден.

Според официјалните податоци, 3.217 луѓе починале од почетокот на пандемијата во Данска.

Бројот на заболени одеднаш почна да скока на почетокот на декември, иако минатата недела бројот почна да се намалува. За жал, од пред два дена научниците бележат драматичен пораст на бројот на заразени.