четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Данската кралица позитивна на коронавирусот откако се врати од погребот на кралицата Елизабета Втора

Данската кралица позитивна на коронавирусот откако се врати од погребот на кралицата Елизабета Втора

Данската кралица Маргарет Втора, која во понеделникот присуствуваше на погребот на британската кралица Елизабета Втора во Лондон, е позитивна на коронавирус, соопшти кралската палата.

Во соопштението за печат се наведува дека 82-годишната кралица примила три дози вакцина, вклучително и бустер, и прележала Ковид-19 во февруари. Таа синоќа дознала дека повторно е позитивна.

Кралската палата соопшти дека сите активности на кралицата оваа недела се откажани без да соопшти детали за нејзиното здравје.

Данската кралица Маргарета Втора, која е на престолот од 14 јануари 1972 година, по смртта на Елизабета Втора е единствена кралица во Европа и најдолговечниот монарх на Стариот континент, а во светот само султанот од Брунеи е на престол подолго од неа со четири години подолго владеење.