Папата Франциск денеска во својот „папамобил“ повози осум деца мигранти кои неодамна стигнале во Италија од Либија.
Франциск децата, кои дошле од Сирија, Нигерија и Конго, ги зема на почетокот од неговата неделна аудиенција и ги повози околу Плоштадот Свети Петар на задното седиште. Децата се радуваа и мафтаа, пред да се разделат од папата со прегратки и селфија.