На вториот ден од националната конвенција на Демократската партија Џо Бајден и официјално беше номиниран за претседателски кандидат за изборите во ноември, кој за влез во Белата куќа ќе се трка со актуелниот американски претседател Доналд Трамп, јави ДПА
За Бајден, поранешен сенатор и потпретседател на земјата, номинацијата доаѓа по повеќе од три децении откако првпат се обиде да стане претседател. Билетот за влез во Белата куќа Бајден ќе го сподели со Камала Харис (55), сенаторка од Калифорнија и првата црнкиња која се кандидира за потпретседател.
-Многу ви благодарам. Од дното на моето срце. Ви благодарам на сите, тоа значи целиот свет за мене и за моето семејство, рече 77-годишниот политичар преку видео-врска по завршувањето на пребројувањето на делегатите.
Чест ми е да ја прифатам номинацијата на Демократската партија за претседател на САД“, напиша Бајден на Твитер. Својот официјален говор за прифаќање на номинацијата Бајден ќе го оддржи утре, на последниот ден од четиридневната главно онлајн демократската национална конвенција.
Вториот ден од конвенцијата, инаку, продолжи со темата од првиот, нагласувајќи ги пораките за прифаќање на различностите, вклучително и презентирање на широк спектар на етникуми, раси и сексуални идентитети кои ја поддржуваат партијата, додаде ДПА.