По првата национална мобилизација на 17 јули, денеска во Париз и во многу други француски градовим се одржуваат нови демонстрации против продолжување на здравствениот пасош и задолжителна вакцинација против Ковид-19 за одредени професии, јави дописникот на МИА.
Според проценки на властите, низ цела земја се очекуваат речиси 110.000 демонстранти. Овие демонстрации доаѓаат во моментот кога мнозинството Французи (76 отсто) ја одобруваат одлуката на претседателот Макрон да ја направи вакцинацијата задолжителна за негувателите, медицинскиот персонал и другите професии во контакт со луѓе, предвидувајќи казни за оние кои нема да ги почитуваат мерките.
Текстот на законот за проширување на употребата на здравствениот пасош денеска се разгледува во Сенатот. Сенаторите ги разгледуваат амандманите, откако вчера го дадоа првото зелено светло на комисија за нацрт-законот против Ковид, кој предвидува обврска за вакцинација за негувателите, медицинскиот персонал и другите професии и контроверзното проширување на здравствениот пасош, што сенаторите го поврзуваат со воспоставување на вонредна здравствена состојба.
Шефот на сенаторите од редовите на опозициската Републиканци се заканува дека ќе го попречи парламентарниот рок за усвојување на законот.
-Ако пратениците сакаат да ја почнат работата на Сенатот, рече Бруно Реталео, десницата ќе ја саботира средбата меѓу пратениците и сенаторите (што се нарекува мешовит комитет) закажана за в недела за да се финализира конечниот текст. Ова повторно би го почнало парламентарниот шатл, со шетање на нацрт законот меѓу Собранието и Сенатот.
Градоначалникот на Ница ја повлече од своја страна одлуката за задолжителниот здравствен пасош во центрите за одмор и рекреација за децата во градот. Откако задолжителното носење на маска се врати во повеќе француски департмани.