Демонстрантите упаднаа и во канцеларијата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, но се уште е непознато дали таа била таму.
Претходно, полицијата претходно ја заклучи зградата на Капитол и почна да ги изведува надвор демонстрантите и да ги евакуира пратениците.
Дел од американските медиуми јавија дека една жена е повредено од огнено оружје.
Во меѓувреме американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер напиша „Ве молам пружете поддршка на нашата полиција на Капитол и на силите на редот. Тие се на вистинската страна на нашата земја. Останете мирни“.