четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Директорот на Фајзер се зарази со коронавирус по втор пат за два месеци

Директорот на Фајзер се зарази со коронавирус по втор пат за два месеци

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла (60) соопшти дека е позитивен на тестот за ковид по вторпат.

-Се чувствувам добро и немам никакви симптоми, рече Бурла.

Во август Бурла за прв пат имаше коронавирус и почна да го пие лекот против Ковид-19 развиен од неговата компанија „Паксловид“.

Тој примил четири дози од вакцината против ковид развиена од Фајзер и германскиот партнер Бионтек.

Бурла рече дека сè уште не го примил новиот бивалентен бустер.

-Не примив бивалентен бустер, ги следев упатствата на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) да чекам три месеци, бидејќи претходно имав ковид во средината на август, објасни Бурла.

Таканаречените бивалентни дози, развиени од Модерна и тимовите од Фајзер и Бопнтек, се насочени кон подсоевите на Омикрон БА. 5 и БА. 4, кои во моментов претставуваат 84,8 отсто од инфекциите со коронавирус во САД, според најновите податоци. (МИА)