Стефан Бансел, извршниот директор на американската компанијата „Модерна“,која произведува вакцина против коронавирусот, вели дека САРС-КоВ-2 нема да оди никаде, дека ќе биде тука, меѓу нас.
Многу водечки здравствени службеници веруваат дека постои голема веројатност Ковид-19 да стане ендемска болест, односно дека ќе биде трајно присутна меѓу нас, но веројатно со многу пониски нивоа на инфекција отколку денеска.
-Ќе живееме со овој вирус, мислам, засекогаш, изјави Бансел на еден од панелите за време на конференцијата за здравствена заштита, организирана од банката „ЈПМорган“, пренесува Си-Ен-Би-Си,
Според него, научниците постојано следат дали се појавуваат нови видови на вирусот, за да може да се произведуваат вакцини.