понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Доминантната верзија на омикрон е сепак поопасна од претходната: Еве кој е под помал ризик

Доминантната верзија на омикрон е сепак поопасна од претходната: Еве кој е под помал ризик

Сегашниот доминантен тип на коронавирус, омикрон БА.5 има дури три пати поголеми шанси да ве однесе во болница од неговата претходна варијанта, покажува новото истражување, пренесува „Експрес“.

Истражувањето на тим од Португалија покажа дека оние кои биле вакцинирани имале седум проценти шанси за хоспитализација кога варијантата BA.2 била доминантна, но овој процент се зголемил на 23 проценти во случајот со сојот омикрон BA.5. Тоа значи дека постои 3,3 пати поголем ризик од хоспитализација.

Како дел од студијата објавена во списанието „Медрксив“, истражувачите анализирале здравствени досиеја на повеќе од 27.000 случаи на пациенти.

Од примероците земени помеѓу 25 април и 10 јуни 2022 година, 55,5 проценти беа класифицирани како BA.2, а останатите како BA.5.

Се покажа дека луѓето кои ја примиле бустер вакцината имале значително помала веројатност да бидат хоспитализирани или да умрат од ковид.

– Кај заразените со омикрон БА.5, бустер вакцинацијата беше поврзана со 88 отсто намален ризик од хоспитализација и смрт од ковид, но дефинитивно поголеми шанси за реинфекција беа забележани во случаите на БА.5 во споредба со БА.2, наведуваат во студии.

Некои од симптомите на BA.5 се разликуваа од претходните варијанти на корона вирусот.

Како што е објавено во здравствената студија „ZOE“, 10-те најчести симптоми на варијантите BA.4 и BA.5 се во ред:

-Настинка
-Воспалено грло
-Главоболка
-Кашлање
-Кивање
-Необична болка во зглобовите
-Грозница
-Зарипнат глас
-Moрници