Италија во некој момент може да воведе и задолжителна вакцинација против Ковид за сите од одредена возраст, изјави синоќа италијанскиот премиер Марио Драги.
– Покрај тоа, засилувачките дози на вакцини против ковид за ранливите луѓе треба да почнат да се администрираат во Италија подоцна овој месец, рече Драги.
Италијанската влада веќе воведе задолжителна вакцинација за здравствените работници, но Драги е на мислење дека секој треба да биде обврзан да биде вакциниран откако европските здравствени власти ќе дадат целосно одобрување за вакцините.