вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Драма во бар: 6 лица повредени, напаѓачот пукал од мотор и избегал

Драма во бар: 6 лица повредени, напаѓачот пукал од мотор и избегал

Шест лица се повредени во пукање што се случило во еден бар во Марсеј, соопшти денеска локалната полиција.

Пукањето се случило околу 21:30 часот во барот „Терминус“ во 15-от арондисман, кога вооружен напаѓач на мотор стигнал до барот и отворил оган, а потоа избегал.

Еден од шестмината повредени е во критична состојба.

Локалните медиуми шпекулираат дека нападот е поврзан со организиран криминал.