Во затворот Милтон Диас Мореира во Рио де Жанеиро затвореници организираа бунт и земаа седум чувари како заложници, соопштија бразилските власти.
Заложничката криза траела неколку часа.
Инцидентот се случи откако бразилскиот претседател Мишел Темер соопшти дека раководењето со Министерството за внатрешни работи во сојузната држава Рио де Жанеирои и го доверува на армијата.
Бунтот избувна вчера во попладневните часови по локално време во затвор на околу 50 километри од центарот на Рио де Жанеиро. Седум надзорници били задржани како заложници. Тие били ослободени на полноќ по локално време. При инциднетот се ранети тројца затвореници.
Во затворот, кој е предвиден за 900 затвореници, казна служат повеќе од 2.000 лица.
Овој инцидент е последен во низата насилства во бразилските затвори, за кои се смета дека се под контрола на моќни нарко картели.
Активистите за човекови права тврдат дека условите во затворот се како во средниот век, дека нема доволно храна и дека ќелиите се толку полни со затвореници што немаат каде да легнат. (МИА)