понеделник, 8. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Драматичен пораст на заразени од Covid-19 во Германија

Драматичен пораст на заразени од Covid-19 во Германија

Во Германија вчера дојде до драматичен раст на бројот на заразени со коронавирус, доближувајќи се до 20.000.

Според вчерашните податоци на Министерството за здравство во земјата во моментов има 19.848 лица позитивни на тестот за коронавирусот. Уште во текот на вчерашното попладне бројот на инфицираните беше околу 17.500.

Покраината Северна Рајна Вестфалија и натаму е главното жариште во земјата со 6.257 заразени, а веднаш зад неа следат покраините Баден Винтенберг со 3.665 и Баварија со 3.107 заразени. Во Долна Саксонија има 1.262 инфирицирани, а во Хесен 962.

Досега во Германија починаа 57 лица кои биле инфицирани од коронавирусот, а 113 се излекувани од вирусот.