Двајца мажи се уапсени во Холандија под сомнение за заговор за извршување џихадистички напад во земјата.
Холандското обвинителство соопшти дека мажите на возраст од 20 и 34 години биле уапсени вчера од антитерористичка единица и се осомничени дека во евентуалниот напад имале намера да користат едно или повеќе возила со експлозиви.
Тие, наводно, имале намера да го извршат нападот на крајот на годината. Точната цел на нападот не е позната засега.
Полицијата не открила експлозив или оружје при претрес во становите на осомничените.
Секира и нож биле пронајдени кај еден од осомничените во Зетермер, околу 10 километри источно од Хаг.