петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Џо Бајден денеска прима четврта доза од вакцината против Ковид-19

Џо Бајден денеска прима четврта доза од вакцината против Ковид-19

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја прима втората бустер доза вакцина против коронавирус, соопшти Белата куќа.

Бајден (79) ќе ја добие четвртата доза од вакцината откако ќе и се обрати на јавноста на новата владина веб-страница COVID.gov, која треба да помогне да се одговори на пандемијата и да обезбеди информации за тестирање и вакцинација.

-Дозата ќе му ја даде член на медицинскиот персонал во Белата куќа, изјави портпарол.

Бајден ќе ја прими вакцината еден ден откако САД одобрија четвртата доза на вакцините на Фајзер/Бионтек или Модерна за луѓе над 50 години, бидејќи властите предупредуваат на потенцијален нов бран предизвикан од БА. 2 подваријантата на омикрон.  (МИА)