сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Џонсон ја прифаќа казната на полицијата за кршење на карантинот

Џонсон ја прифаќа казната на полицијата за кршење на карантинот

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека ја прифаќа казната на полицијата за кршење на правилата за карантин во 2020 година и оти го разбира гневот на јавноста, но повтори дека тогаш не мислел дека го прекршил законот.

– Морам да кажам, искрено, тогаш не ми падна на памет дека можеби во прашање е кршење на правилата. Но, се разбира, полицијата утврди поинаку и јас целосно го почитувам исходот од нивната истрага, изјави Џонсон за Би-Би-Си.

Кабинетот на Борис Џонсон потврди дека премиерот на Велика Британија ќе биде казнет поради кршење на анти-ковид мерките и организирање забави во владините канцеларии за време на строгите ограничувања, а ќе биде казнет и министерот за финансии Риши Сунак. (МИА)