Метрото во Лондон е затворено, движењето на луѓето е ограничено, а Владата на британскиот премиер Борис Џонсон најави воведување на нови построги мерки во борбата против новиот коронавирус.
Џонсон претходно побара од Владата да ги претстави плановите за така наречено „заклучување на Лондон“, што значи затворање на продавниците, намалувцање на сообрачајот, забрана за јавни собири и други рестриктивни мерки
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан апелиаше до граѓаните да излегуваат само во случај на потреба.
Во Велика Британија досега се потврдени 2.626 инфицирани лица со Ковид-19, од кои 104 починале.