Пандемијата на новиот коронавирус ќе има негативно влијание врз економиите ширум регионот на Европската банка за развој и развој, но заздравувањето би можело да биде силно откако ќе запре епидемијата.
ЕБРД, која инвестира во 38 економии на три континенти иницира итен пакет за солидарност, чија почетна вредност се проценува на една милијарда евра, за помош на компаниите, а до крајот на март ќе бидат објавени детални економски прогнози за регионите на ЕБРД.
Според Банката, пандемијата во исто време влијае врз понудата и потрошувачката, а конечното економско влијание ќе зависи од траењето на пандемијата, како и од националните политики и од здравствените мерки што се преземени за борба против Ковид-19.
Според ЕБРД индиректните ефекти врз економијата вклучуваат прекин на глобалниот синџир за снабдување, послабата надворешна побарувачка, пониските цени на нафтата и артиклите и широк регионален пад во туризмот и патувањата.
– Приливот на дознаки во некои земји би можел значително да се намали ако емигрантите го загубат работното место или е можат да патуваат, наведува ЕБРД.