Најмалку 11 лица загинале во пожар во дом за повозрасни бездомници во јапонскиот град Сапоро, јави новинската агеција ДПА.
Домот бил сместен во трикатница изградена од дрво, низ која пожарот бргу се проширил.
Пожарникарите успеале да спасат пет лица сместени во домот. (МИА)