среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕК препорача да се забрани патување од Јужна Африка во ЕУ сметајќи дека тоа е „мерка на претпазливост“

ЕК препорача да се забрани патување од Јужна Африка во ЕУ сметајќи дека тоа е „мерка на претпазливост“

Минатата недела Европската комисија препорача да се забрани патувањето од Јужна Африка во ЕУ поради појавата на сојот омикрон, што предизвика гнев во африканската земја.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, Европската комисија оваа мерка ја оправдува како “мерка на претпазливост“.

-Оваа мерка на претпазливост мораше да се донесе не затоа што ќе ја стопира мутацијата која е веќе во Европа, тоа не е возможно, туку за да се обезбеди забавување на ширењето за да им се даде на здравствените власти во ЕУ и на фармацевтските добавувачи време да се адаптираат, изјави портпаролот Ерик Мамер.

Јужна Африка смета дека е неправедно казнета иако навремено го открила новиот сој и ги предупредила сите партнери. Денеска медиумите исто така јавија дека сојот омикрон веќе бил присутен во Холандија една недела пред најавата на Јужна Африка.

-Свесни сме за товарот кој се става на земјите, одговорот на ЕУ властите е да делуваат на начин кој ќе го заштити здравјето на граѓаните на ЕУ, ќе продолжиме да соработуваме со Јужна Африка за да го спречиме напливот и да се бориме против пандемијата, рече портпаролот.

Тој додаде дека ЕУ одблиску соработува со Јужна Африка за развојот на вакцини. Европската комисија “топло“ ги поздрави напорите на Јужна Африка за откривањето на сојот, изјави од ЕК. (МИА)