вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕМА ја објави листата: Овие вакцини се разгледуваат за употреба во ЕУ

ЕМА ја објави листата: Овие вакцини се разгледуваат за употреба во ЕУ

Европскара агенција за лекови ЕМА денеска објави дека во процес на разгледување е на три вакцини против коронавирус, меѓу кои и руската Спутник.

Еден ден откако утврди дека вакцината на АстраЗенека е безбедна за употреба, ЕМА на Твитер објави список на вакцини кои во моментов се разгледуваат за употреба во Европа.

На листата за разгледување се вакцините Нововакс, Кјурвак и Спутник.

Во Европската Унија одобрени за употреба се вакцините на Фајзер, Модерна, АстраЗенека и вакцината на Џонсон и Џонсон.