четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕМА: Потребни се две дози на вакцина за заштита од Делта варијанта на коронавирусот

ЕМА: Потребни се две дози на вакцина за заштита од Делта варијанта на коронавирусот

Потребни се две дози на вакцина за  заштита од Делта варијанта на коронавирусот, соопшти денеска Европската агенција за лекови (ЕМА).

Европскиот регулатор исто така ги повика земјите-членки на ЕУ да ги забрзаат програмите за вакцинација, додека многу заразната варијанта Делта забрзано се шири низ целиот свет.

„Според првичните податоци, потребни се две дози вакцина против Ковид-19 за соодветна заштита од варијантата Делта“, се вели во соопштението на ЕМА.

„Почитувањето на препорачаниот распоред за вакцинација е клучен за постигнување на највисоко ниво на заштита“, додава ЕМА, која препорачува употреба на две дози на Фајзер/Бионтек, Модерна или Астра Зенека.  (МИА)