Комисијата за безбедност на Европската агенција за лекови (ЕМА) заклучи дека појавата на згрутчување на крвта и нискиот број на тромбоцити треба да бидат наведени како редок несакан ефект на вакцината АстраЗенека против коронавирус.
Шансите за такви несакани ефекти се многу мали, истакнуваат експертите од ЕМА.
Досега, повеќето пријавени случаи се случиле кај жени на возраст под 60 години во рок од две недели по вакцинирањето.
Врз основа на моментално достапните докази, специфичните фактори на ризик не се потврдени.
Луѓето кои примиле вакцина AстраЗенека треба да посетат лекар ако имаат некој од следниве симптоми по вакцинацијата: отежнато дишење, болка во градите, отекување на нозете, болки во стомакот што не престануваат, силна главоболка, заматен вид и мала крв дамки под.кожата надвор од местото на пункција.