вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ЕУ ги одобри мерките за најранливите групи на населението

ЕУ ги одобри мерките за најранливите групи на населението

ЕУ попладнево ги одобри законските измени за ублажување на последиците од здравствената криза кај најранливите групи на населението, јави дописничката на МИА од Брисел.

Станува збор за амандмани на регулативата за Фондот за помош на најранливите категории.

ЕУ денеска на амбасадорско ниво даде зелено светло за измените.

Целта е да се олесни пристапот до овој фонд за земјите членки, како и за организациите. Околу 13 милиони граѓани во ЕУ добиваат некаков вид помош благодарение на овој фонд.

-Епидемијата од Ковид-19 е огромен предизвик за нашите напори да им помогнеме на најранливите граѓани. Измените договорени денеска ќе им дадат пристап на земјите членки за поголема стапка на ко-финансирање од ЕУ буџетот и ќе овозможи да се финансира провизија на заштитна опрема за најранливите како и за оние кои ја делат помошта, соопшти Весна Бедековиќ, хрватската министерка за демографија и социјална политика.

Фондот за најранливите на ЕУ е создаден во 2014-та година како алатка за справување со екстремна сиромаштија во Унијата и бездомништво. Критериумите за тоа кој припаѓа на категоријата најранливи ги дефинираат земјите членки и партнерските организации.

Фондот располага со 2,5 милијарди евра за периодот 2014-2020.