сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Еве кое население е посебно погодено во вториот корона- бран

Еве кое население е посебно погодено во вториот корона- бран

Израел оваа недела воведе нови ограничувања во делови од земјата за да се спротивстави на повторната појавува на коронавирус, а арапско-израелската заедница е особено погодена во вториот бран, јавува Франс24.

Кога вирусот се појави во март, само пет проценти од регистрираните случаи беа меѓу арапските Израелци, потомци на Палестинците кои останаа по создавањето на Израел во 1948 година.

Арапските Израелци претставуваат околу 20 проценти од израелското население, но според владините податоци, во оваа заедница се 30 проценти од новозаразените во земјата.

– Не сакам да ве исплашам, но десетици арапски граѓани ќе умрат во следните недели ако не ја контролираме епидемијата, рече Рони Гамзу, кој ја предводи израелската битка против Ковид-19. Секојдневно по околу 750 нови случаи се појавуваат меѓу арапско-израелското население.

Во меѓувреме, Владата најави дека ќе го прошири карантинот на цела земја, откако Министертсвото за здравство денеска информира за нови 4038 заразени со коронавирус. Тоа е најголем број на нови случаи од избувнувањето на епидемијата и четврти дневен рекорд по ред во земјата со девет милиони жители.

Владината група за борба против коронавирусот вчера одлучи да воведе трофазен долгорочен план кој вклучува национален карантин, се вели во заедничката изјава на кабинетот на премиерот и Министерството за здравство.

Во првата фаза, луѓето нема да можат да се оддалечат од домови над 500 метри, а училиштата, градинките, продавниците и рестораните ќе бидат затворени.

Според извештаите на медиумите, мерките ќе бидат воведени пред еврејскиот новогодишен празник Рош Хашана (Рош Ашана), кој почнува следниот петок и ќе трае две недели.

Во втората фаза, движењата меѓу градовите и масовните собири ќе бидат ограничени, а училиштата, рестораните и продавниците ќе останат затворени.

Учениците од петто одделение па натаму ќе посетуваат часови преку Интернет, а на граѓаните ќе им се советува да работат од дома.

Враќањето во сегашната состојба на мерките за ублажување ќе се разгледа ако бројките повторно почнат да паѓаат, пренесуваат медиумите. (MИА)