вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Фаучи: Ковид-19 може да предизвика долгорочни последици, посебно кај младите

Фаучи: Ковид-19 може да предизвика долгорочни последици, посебно кај младите

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека долгорочните последици од Ковид-19 се навистина мачни, особено кај младите луѓе.

– Младите луѓе, кои инаку се здрави, а се инфицираат со коронавирус и немаат потреба од хоспитализација, имаат симптоми со недели, а понекогаш и месеци, рече Фаучи на брифингот на Американското здружение за микробиологија.

Тој посочи дека последователните прегледи покажуваат дека многу од нив имаат кардиоваскуларни нарушувања, како и докази за миокардитис и кардиомиопатија. (МИА)