петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Филипините прогласија вонредна состојба на цела територија

Филипините прогласија вонредна состојба на цела територија

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте прогласи вонредна состојба во целата земја како мерка во борбата против новиот коронавирус.

Дутерте ги повика сите државни служби и вооружени сили да бидат подготвени да преземат неопходни мерки во борбата против коронавирусот и поддржување на редот во областите каде се шири заразата.

Тој всушност наложи карантин во областа на главниот град Манила, односно прекин на транспортните комуникации со провинцијата до 14 април. Забраната за училишна настава во Манила е продолжена до 12 април.

Според последните податоци на здравствените власти, на Филипините има 187 потврдени случаи на заразени со Ковид-19, 12 се починати, а четворица излекувани.