Финската Влада соопшти дека премиерката Сана Марин го напуштила Самитот на ЕУ за да оди во изолација, откако било утврдено дека имала контакт со лице заразено со коронавирус.
-Информирани сме дека премиерката Марин била во иста просторија со пратеник кој има позитивен тест за Ковид-19 при заедничкото сослушување на Големиот комитет и Комитетот за надворешни работи на Кабинетот, како и на други места во просториите на Парламентот, наведува прес службата на финската Влада.
Поради оваа причина, таа веднаш го напушти состанокот на Европскиот совет и побара од шведскиот премиер Стефан Лофвен да ја претставува Финска на остатокот од средбата.
Премиерката веднаш ќе се врати во Финска, каде ќе биде тестирана за Ковид-19, по што ќе оди во самоизолација. (МИА)