Две лица се повредени во трговски центар во шведскиот град Малме, а на местото на несреќата излегле неколку полициски патроли.
„Од трговскиот центар излегоа расплакани луѓе и рекоа дека слушнале истрели“, рекол еден од очевидците, пренесуваат тамошните медиуми.
Портпаролот на полицијата потврди дека имало пукање и дека во трговскиот центар имало голем број вооружени полицајци.
#Breaking: Just in – Reports of a shooting at a shopping center #Emporia #Malmo in #Sweden, at least 2 people shot and 5 people injured. pic.twitter.com/aKqPGOdRrY
— Sotiri Dimpinoudis (@sotiridi) August 19, 2022