сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Судир на камион и воз во Унгарија, има загинати – вагон излетал од шините

ФОТО: Судир на камион и воз во Унгарија, има загинати – вагон излетал од шините

Камион налетал на воз во јужна Унгарија, а при судирот возот излетал на шини.

Полицијата соопштила дека неколку луѓе го загубиле животот.

Државната железничка компанија соопшти дека камионот поминал низ црвено светло на семафорот и налетал на воз поради што вагон испаднал од шините со 22 патници. Од нив двајца се тешко, а осуммина полесно повредени.

-Спасувачката акција е во тек, па се уште не можеме да го отврдиме бројот на жртви, вели портпаролот на полицијата.

Локалниот портал delmagiar.hu објавил дека загинале седум лица во несреќата.