Еден тинејџер е убиен, а две девојки се тешко повредени во инцидент со пукање пред средно училиште во близина на Де Мојн, главниот град на американската сојузна држава Ајова, соопштија локалните власти.
На нив било пукано од автомобил во движење.
Во соопштението на полицијата се наведува дека осомничените се уапсени и дека е убиено 15-годишно момче кое не е ученик во средното училиште пред кое се случило пукањето.
Повредени се едно 16-годишно и едно 18-годишно девојче, двете ученички во училиштето кое се наоѓа во близина на центарот на градот. Двете се во тешка состојба.