недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Возило од придружбата на премиерот на Австралија излета од пат

ФОТО: Возило од придружбата на премиерот на Австралија излета од пат

Автомобил на обезбедувањето кое патувало со австралијанскиот премиер Скот Морисон на предизборен собир, излетал денеска од пат откако се судрил во друг автомобил.

Како што соопштиле локалните власти при нереќата повредени се четворица полицајци.

Необележано возило од обезбедувањето на Морисон излетало од патот откако било удрено во задниот дел од автомобил кој се престројувал.

Полицајците повредени во несреќата имале повреди кои не се опасни по живот и биле пренесени во болница.