Индонезија деновиве можеби го живее најголемиот кошмар откако државата ја погоди силен земјотрес и цунами.
Жртвите секојдневно растат, а најновиот биланс го соопшти индонезиската национална агенција за справување со катастрофи.
Според нивната проценка бројката на загинати е поголема од колку што првобитно се мислело.
Многу од луѓето се заробени под разурнатите згради, а по земјотресот со интензитет од 7,4 степени по рихтер следувале 170 нови.
Инаку по земјотресот следуваше и цунами со бранови од шест метри.