Германската канцеларка Ангела Меркел и регионалните лидери се блиску до договор за постепено ублажување на ограничувањата поради коронавирусот, пренесува Ројтерс пред денешниот самит на канцеларката и премиер на провинциите, на кој ќе се дискутира за епидемиолошката состојба во земјата.
Агенцијата наведува, според нацрт планот за кој имала увид, дека властите во Германија подготвуваат одлука за денешно постепено олеснување на епидемиолошките мерки на денешната средба, но дека правилата повторно може да се заострат доколку бројот на инфекции со Ковид 19 почнува да се зголемува.
Според новиот план на владата од 8 март, ќе можат да се соберат најмногу пет лица од две домаќинства, освен деца на возраст под 14 години, а исто така цвеќарниците и книжарници, градинарски центри, како и салони за услуги за нега ќе се отворат повторно, пренесува Ројтерс.
Бројот на случаи од „Ковид 19“ се зголеми денес во Германија за 9.019, додека беа пријавени 418 смртни случаи како резултат на болеста, но бројот на случаи на 100.000 луѓе е благо намален во последните седум дена, на 64 од 65,8 во вторникот.
Ројтерс наведува дека според планот за кој имал увид, повторно се предвидуваат строги мерки доколку бројот на случаи надмине 100 до 100 000.