На германскиот балтички остров, каде некогаш нацистите го истражуваа биолошкото оружје, германските научници развиваат вакцини кои спасуваат животи.
Пристапот до островот Реимс е најстрого ограничен. Научниците кои работат таму мора да поминат при влез и излез низ силен туш кој дезинфицира. Потребни се и заштитни, посебно направени непробојни костуми.
Исто така, има и десетици животни намерно заразени со вируси за се следи состојбата и да го испита текот на болеста.
„Ние сме Алкатраз за вируси, строго заштитен затвор од кој не смее да се бега“, вели Франц Конратс, заменик директор на Институтот Фридрих Лофлер.
Сместен јужно од живописниот остров Руген, Реимс е глобален центар за патогени микроби, беснило, ханта, марбург, африканска свинска треска, ебола… најопасните висруси на планетата.
А, лабораториите што ги чуваат токму тие вируси и штали со заразени животни имаат безбедносно ниво 4 – највисоко во Германија.