Бројот на нови случаи со коронавирус е повторно во пораст. Се наоѓаме во третиот бран од пандемијата, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан.
Потпретседателот на Институтот „Роберт Кох“ Ларс Шаде исто така нагласи дека Германија е погодена од се поголем број на новозаболени, особено помлади од 50 години.
Властите додале дека со британскиот сој на коронавирус се заболени три четвртини од позитивните случаи во Германија.
-Излез од пандемијата е вакцинација. Седум милиони жители ја примија орвата доза. Во Европа се уште нема доволно вакцини за да се запре третиот бран, изјави Шпан.
Германија вчера регистрираше најголем број новозаболени во последните два месеци.