вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Горили од Сан Диего се заразени со калифорниски сој на коронавирус

Горили од Сан Диего се заразени со калифорниски сој на коронавирус

Група горили во парк во зоолошката градина Сафари во Сан Диего, САД, се опоравуваат од избувнувањето на ковид-19, што погоди неколку од вкупно осум горили, соопштиле од зоолошката градина.

Горилата почнале да се чувствуваат лошо на 6 јануари, кога две горили почнале да кашлаат, се вели во соопштението на зоолошката градина.

Тестот од измет извршен на 11 јануари покажал дека непознат број се заразени со вирусот ковид-19, веројатно по изложеност на работник во паркот кој бил асимптоматски.

-Вирусот што ги заразил „е нов, многу заразен сој на коронавирус, неодамна идентификуван во Калифорнија“, велат од зоолошката градина.

По дијагнозата, горилите биле ставени во карантин во паркот.

На најстарата, 48-годишна горила Винстон, биле дијагностицирани пневмонија и срцеви заболувања, соопштиле од зоолошката градина.

Тој бил третиран со лекови за срце, антибиотици и анти-ковид-19 терапија со антитела од тип кој што не е одобрен за употреба кај луѓе.

„Ветеринарниот тим кој го третираше Винстон верува дека антителата придонеле за неговата способност да го надмине вирусот“, велат од зоолошката градина.