четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Градоначалникот на Лондон апелира маските за лице да бидат задолжителни

Градоначалникот на Лондон апелира маските за лице да бидат задолжителни

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, апелираше до британските власти носењето заштитни маски да се прогласи за задолжително за граѓаните кои се движат низ градот или излегуваат во продавиците или другите затворени простори.

Ова свое барање Кан го образложи со искуствата од цел свет што покажуваат дека маските помагаат во запирањето на ширењето на вирусот.

-Во околностите кога не е можно да се оддржува социјална дистанца, во јавниот превоз или во продавница, на пример, треба да користиме барем медицински прекривки за лицата, како бандан марами, шалови или маски за повеќекратна употреба, изјави Кан за Би-Би-Си.

Во Њујорк , на пример, на жителите им е наредено да носат маски или нешто со што ќе ги заштитат очите и устата во било која ситуација во јавноста, коаг не им е овозможено да бидат оддалечени едни од други на два метра. (МИА)