среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Гугл ги затвори сите канцеларии во Кина поради коронавирусот

Гугл ги затвори сите канцеларии во Кина поради коронавирусот

Стравувањата од коронавирусот го натера Гугл да ги затвори сите свои канцеларии во Кина, како и во Хонг Конг и Тајван.

Канцелариите на Гугл се затворени по повод кинеската Нова година, но ќе останат затворени до понатамошно известување. Гугл има канцеларии во Пекинг, Шенжен, Гуангжу, Шангај и Хонг Конг, како и пет канцеларии во Тајван.

Портпарол на Гугл изјави дека објектите се затворени во согласност со владините упатства.

Компанијата ги советуваше вработените во моментов во Кина, како и оние со блиски роднини кои се враќаат од Кина, да се вратат дома што е можно поскоро и да работат од дома најмалку 14 дена од денот на враќањето.