Кибер банда извршила хакерски напад врз биолошката лабораторија на Универзитетот во Оксфорд, каде се истражува Ковид-19, соопшти денеска британскиот весник „Телеграф“.
Според лондонскиот весник, хакирањето се случило во Одделот за структурна биологија, познат како „Страби“, каде се истражува Ковид-19, пренесуваат британските медиуми.
Универзитетот во Оксфорд веднаш не даде одговор на барањето за коментар, но за „Телеграф“ потврди дека одделот „Страби“ бил цел на хакерски напад.
-Го идентификувавме и ограничивме проблемот и сега истражуваме натаму, го цитира весникот портпаролот на Оксфорд.