четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Холандија повторно ги затвора стадионите поради корона кризата

Холандија повторно ги затвора стадионите поради корона кризата

Холандската фудбалска репрезентација својот последен натпревар во мундијалските квалификации против Норвешка во вторник ќе го игра без публика, откако земјата повторно воведе рестрикции поради зголемувањето на бројот заразени со коронавирус.

Вршителот на должноста холандски премиер Марк Руте објави во петокот дека властите воведуваат тринеделен карантин со дополните рестрикции за кафе баровите, ресторани и супермаркетите, кои ќе бидат отворени до 20 часот.

На две кола пред крајот на мундијалските квалификации, Холандија е лидер во групата Г со два бода предност пред второпласираната Норвешка.

Одлуката на холандските власти значи дека по завршувањето на репрезентативната пауза и натпреварите во националното првенство повторно ќе се играат зад затворени врати.