Директорот на компаниите СпејсИкс и Тесла, Илон Маск изјави дека тој и неговото семејство нема да се вакцинираат против коронавирусот.
Маск за Њујорк Тајмс изјави дека ниту тој, ниту неговите деца не се во ризичната група кога станува збор за Ковид-19.
Коментирајќи ги мерките за карантин што ги применуваат многу земји во светот со цел да се спречи ширењето на вирусот, тој рече дека е против ваквите мерки затоа што тие не придонесуваат за општото добро.
– Во суштина, вистинската работа ќе беше да не ја затворавме целата земја, но мислам дека сите што се во опасност треба да бидат во карантин додека не помине бурата, рече Маск.