четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Имунологот Шеклер тврди-комбинацијата на вакцини дава покомплексен имунитет, СЗО предупредува да не се мешаат

Имунологот Шеклер тврди-комбинацијата на вакцини дава покомплексен имунитет, СЗО предупредува да не се мешаат

Според имунологот и вирусолог д-р Миланко Шеклер, комбинацијата на различни вакцини би обезбедила покомплексна имунолошка заштита од корона вирусот.

-Кога зборуваме за комбинација на различни вакцини, доколку се даваат по одреден редослед, се создава подобар имунолошки одговор на организмот, истакна д-р Шеклер, додавајќи дека идеална ситуација би била комбинација на вакцини против различни соеви на вирусот.

Сепак, бидејќи Србија сè уште не нуди вакцини против различни видови, д-р Шеклер посочува дека сите достапни вакцини се направени врз основа на првиот, таканаречен „Вухан“, сој, кои, доколку се комбинираат, исто така успешно ќе заштититат од сите видови на вирусот.

„Со комбинирање на различни вакцини се добива поцелосен и покомплексен имунитет, бидејќи различните вакцини подеднакво стимулираат различни делови на имунитетот“, посочува Шеклер.

Различни вакцини имаат одреден ефект врз различни делови на имунолошкиот систем, така што секоја од достапните вакцини поединечно има подобар ефект врз одредени делови на имунолошкиот систем, а самата комбинација, како што вели лекарот, ќе постигне подобар процес на имунизација против коронавирус. Истовремено пак, Светската здравствена организација, денеска излезе со предупредување да не се мешаат вакцините.

Доктор Сумија Сваминатан од СЗО, предупредувајќи ги предупреди здравствените да не ги комбинираат вакцините против ковид-19 од различни производители, вели дека тоа е „опасна тенденција за која нема доволно податоци како ќе влијае врз здравјето.

-Тоа е влез во зона без податоци, без докази. Ќе се доведеме во хаотична состојба во некои земји ако граѓаните решаваат каква би била втората доза на вакцината која ја примаат, вели Сваминатан.