Цела индиски делегација на самитот Г7 во Лондон се наоѓа во самоизолација, откатко два нејзини члена се позитивни на коронавирусот, објави британската влада во средата.
– Бидејќи два делегата се позитивни сега цела делегација е во самоизолација, изјави британскиот официјален претставник.
– Состанокот беше олеснет со строга серија протоколи за Ковид-19, вклучително и дневно тестирање на сите делегати, додаде тој.
Индискиот министер за надворешни работи Субрахњам Јаишанкар не беше позитивен на тест за коронавирус, напиша на Твитер новинарот на Скај Њуз, Џо Пајк.
Јаишанкар се сретнал во вторникот со британскиот министер за внатрешни работи, Прити Пател.
Делегацијата ќе се обиде да одржи состанок виртуелно.
Индија не е членка на Г7, но Велика Британија, заедно со Австралија, Јужна Африка и Јужна Кореја, ја поканија на самитот оваа недела.